179
Актуелниот договор на Каљехон со Наполи истекува по крајот на оваа сезона, неговиот престој во Италија ќе заврши тука, такви се информациите од италијанските медиуми.
Се верува дека следен негов клуб ќе биде Валенсија иако интерес има и од Севиља.
33-годишниот Каљехон во Наполи пристигна од Реал Мадрид во 2013 година, за италијанскиот клуб одигра 336 натпревари, постигна 80 голови и имаше 77 асистенции.