Левандовски ја игра најдобрата сезона, Баерн на дофат на рекордна осма титула во низа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Продолжува
победничкиот марш на „баварците“, избраниците на Флик покажаа моќ и на гостувањето
кај Баер Леверкузен, славеа со 2-4 за 11-ти триумф во серија и сега се на дофат
на рекордна осма титула во Бундеслигата во низа.

Домаќините добро го
отворија мечот и поведоа со голот на Аларио, но им се случи потоп до паузата.
Коман изедначи на 1-1, а во завршницата од првиот дел, Горецка најпрво донесе предност
од 1-2, за Гнабри да зголеми на 1-3.

Во продолжението
од мечот, Левандовски се запиша во листата на стрелците, Полјакот ја има
најдобрата сезона во својата кариера со 30 голови во Бундеслигата и 44 во
сите натпреварувања.

До крјаот на
мечот, Баер само го ублажи поразот со голот на Вирц.

На останатите
натпревари од 15:30 часот, Падерборн во 92. минута му откина два бода на РБ
Лајпциг, Фортуна Дизледорф и Хофенхајм одиграа возбудливи 2-2, а Маинц со 0-2
славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×