На овој ден пред
пет години, Барселона се сретна со Јувентус во Берлин во завршницата од
најелитното европско натпреварување. „Каталонците“ славеа со 3-1 и стигнаа до
нова тројна круна откако претходно триумфираа во Ла Лига и Купот на Шпанија
Во разговор со ТВ
каналот на Барса, Луис Енрике сподели детали од случувањата на Олимпискиот
стадион, како и во часовите пред големиот натпревар.
„Сакав да им
кажам нешто за да ги мотивирам, или барем верував дека ќе успеам да ги мотивирам.
Ги прашав што е најлошата работа која може да ни се случи во финалето? Чави и
Алвеш, ветераните во соблекувалната, одговорија, „Да не бидеме доследни на нашиот стил“. Јас им одговорив,
„Најлошо што може да ви се случи е да бидете играч на Јувентус и да треба да
играте против Барса, да треба да ги чувате Саурез, Нејмар, Меси, Иниеста,
Бускетс… да треба да ги поминете Пике и Маскерано, да треба да му дадете
гол на Тер Штеген. Замислете како им е на нив кога им кажуваат дека за
противник ја имаат Барса, сигурно го наполниле гаќите од помислата против кого
ќе играат“. Барем изнудив неколку насмевки а потоа квалитетот ја направи разликата“
– раскажува Луис Енрике.
„Тоа беше
незаборавно финале, никогаш не сум бил толку нервозен во мојот живот, ниту како
играч, ниту како тренер“.
„Но во исто време
чувството е неописливо, тешко е да се објасни што значи да се освои Лигата на
шампиони и тројната круна. Најубаво е кога ќе видите колку многу луѓе сте
направиле среќни“.