Во својата
колумна за Дејли Мејл, Питер Крауч имаше разговор со Рафаел ван дер Варт, со
кого ја делеше соблекувалната во Тотнем. Холанѓанецот ја искористи оваа прилика
да раскаже интересна приказна за тоа колку е компетитивен Кристијано Роналдо.
„Ти беше
фантастичен и на теренот и надвор од него, уживаше во секој момент од твојата
кариера, исто и јас“ – му вели Ван дер Варт на Питер Крауч.
„Во денешно време,
луѓето се многу сериозни. Не ти е дозволено да се насмевнеш, да направиш шега.
Мислам дека нашата генерација прилично се забавуваше. Една работа особено ми се
допадна кај тебе, никогаш не леташе во облаци. Дури и да не постигнеше гол,
беше среќен за играчот што ќе ја затресеше мрежата“.
„И јас бев таков, за мене, најважно
беше да победиме, не ме интересираше кој го постигнал голот. Но голем дел од
напаѓачите се себични“.
„Играв со
Кристијано Роналдо. Победивме со 6-0 против Хихон, јас постигнав хет-трик а тој
не постигна ниту еден гол, па беше многу лут и вознемирен во соблекувалната!
Нормално, да бевме јас и ти, ќе пиевме пиво!“.
Приказната можеби
е интересна, но има неколку грешки. Реал Мадрид го победи Спортинг Хихон со 7-1
а не со 6-0. Исто така, натпреварот беше одигран во септември 2008, односно во
тоа време, Кристијано Роналдо се уште беше играч на Манчестер јунајтед.
ЦР7 се пресели во
Мадрид следната година и во белиот дрес играше покрај Рафаел ван дер Варт во
сезоната 2009/10.