„Сините“ веќе го
договорија Хаким Зихеш од Ајакс (40+4 милиони евра) и се очекува во скоро време
да го потврдат и трансферот на Тимо Вернер вреден 60 милиони евра. На списокот
со желби на Френк Лампард има уште неколку имиња, а на врвот е Бен Чилвел од
Лестер, кој сигурно ќе чини околу 70 милиони евра.
За да се приберат
финансии, Челси ќе се раздели со неколку фудбалери, одредени медиуми пишуваат дека
од Стемфорд Бриџ можат да си заминат и до седум играчи, додека пак има и такви
стории кои пишуваат за разделба со дури ДЕСЕТ играчи.
Педро и Вилијан
ги одработуваат последните месеци од договорите, преговорите за продолжување на
соработката тапкаат во место подолго време, па за очекување е тие први да го
напуштат клубот. Можеби нема да донесат трансфер сума, но ќе се ослободат
милиони во сметката за плати.
Маркос Алонсо, Жоржињо,
Курт Зума, Рос Баркли и Миши Батшуаји исто така се на излезна врата, а Челси
е подготвен да ги разгледа и понудите што ќе пристигнат за Емерсон Палмиери,
Давиде Запакоста и Тимуе Бакајоко.