185
Лос Анџелес Галакси соопшти дека се разделува со српскиот фудбалер Катаи. Причината е коментарите на социјалните мрежи на неговата сопруга.
Теа Катаи имаше серија од неколку расистички поста на инстаграм. Меѓу кои и „Истепај ги гомната“, алудирајќи на полицијата да се пресмета со демонстрантите за правата на црномурестите граѓани.
Сопругата на Александар ги избриша постовите откако виде што направи, но веќе беше доцна.
Во Америка веќе со денови се протестира по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец.
