Мурињо на шопинг во Челси

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Челси, 25 годишниот Курт Зума котира високо на листата на желби за трансфери
кај шефот на стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо за претстојниот летен
преоден рок, пишува „РМЦ“.

Доколку се
остварат најавите, а Зума се пресели во „Спарси“, тоа нема да биде прва
соработка со Мурињо за фудбалерот, токму португалскиот фудбалски стратег го врати
Французинот на „Стемфорд бриџ“ во сезоната 2013/14 откако истече неговата
позајмица во Сент Етјен, а воедно му укажа доверба во првиот тим, некогаш дури
и во средниот ред, што е до некаде нормално во класичната тактика на Мурињо
околу ротациите.

Челси таа година
беше шампион на Премиерлигата, а во истата сезона Зума запиша 26 настапи во
сите конкуренции, Французинот веројатно можеше и повеќе од тоа во периодот
потоа, меѓутоа се здоби со посериозна повреда, а Мурињо беше отпуштен.

Се верува дека
интересот на Мурињо за ангажман на Зума е сериозен, а од стартот на новата
сезона во периодот кога работеше како стручен соработник за медиумите,
постојано го повикуваше Лампард да го користи Зума, а шефот на стручниот штаб
на Челси го стори токму тоа.

Како и да е, Зума
беше во милост и немилост кај Лампард во продолжението од сезоната пред истата
да се прекине поради пандемијата од коронавирусот, стартувајќи на само еден од
последните осум меча, а со оглед на тоа дека се најавуваат засилувања во
одбраната на „Сините“, за очекување е клубот од Лондон да се обиде да заработи
од негова продажба, за него интерес постои воедно и од Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×