Истече рокот за
активирање на клаузулата со која првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси
предвреме можеше да стави крај на својот договор со Каталонците, тој и натаму
останува со важност до 2021. година, меѓутоа соработката може да биде
продолжена и за некоја година плус.
Првиот човек на
Каталонците, Бартомеу постојано ги уверуваше навивачите дека се работи за
доверба помеѓу обете страни, а Меси го заслужил тој статус, наведувајќи дека
такви клаузули имале и Чави и Иниеста, а неговата доверба излезе точна на
крајот, а Аргентинецот не ја активираше опцијата која ја имаше во свои раце.
Првата и
официјална средба помеѓу Меси и високите претставници на клубот околу нов
договор за Аргентинецот треба да се остварат идната седмица“, информација која
ја потврди каталонскиот весник „Спорт“.
Меси на 24. јуни
ќе наполни 33 години, меѓутоа и натаму постои голема мотивација и желба кај него
да го предводи составот на Каталонците и во иднина.
Аргентинецот веќе
ја освои шестата „Златна топка“ ланската година, едно големо достигнување за
еден поединец фудбалер, меѓутоа, јасно е дека неговите години како минуваат,
тој би добил договор на краток рок, а не на подолг.