Познат е
интересот на шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп да соработува со
Тимо Вернер, меѓутоа според последните информации „Редсите“ и дефинитивно се
повлекле од трката за германскиот напаѓач, инаку член на Лајпциг.
„Билд“ извести
дека наместо во Ливерпул, Вернер би можел да заврши во Челси, клуб кој е
подготвен да ја активира неговата откупна клаузула во висина од 60 милиони
евра, а напаѓачот ќе добие плата од 10 милиони евра годишно.
Клоп и Вернер се
во одлични односи, интересот да соработуваат беше обостран, а самиот Клоп лично
му ги објаснил причините зошто Ливерпул се повлече од трката за неговиот
потпис, како што наведува „Атлетик“, причините се од финансиски карактер.
Дополнително,
медиумот пишува дека Вернер го прифатил објаснувањето од страна на Клоп, а
обајцата и натаму остануваат во добри односи, а се верува дека на „Енфилд“ нема
да има големи засилувања во претстојниот преоден рок за трансфери, односно ќе
остане костурот на тимот и за идната сезона.
Што се однесува пак до Челси, од таму имаат богат буџет за засилувања летово дури и во период на голема криза од финансиски карактер предизвикана од пандемијата со коронавирусот.
Челси сигурно ќе ја искористи моменталната ситуација, а да се случи тоа, практично во голема мера придонесе претходната суспензија за трансфери кога заштедија средства, кои сега би ги искористиле за засилување на тимот.