Тер Штеген: Не постојат никакви шанси да си заминам од Барселона ова лето

by
1 минути читање

Првиот чувар на
мрежата од голот на Барселона, 28 годишнот Германец, Марк-Андре тер Штеген
јасно посочи дека нема да си замине од составот на Каталонците претстојниот
летен преоден рок.

Околу иднината на
Германецот беше шпекулирано дека неговиот агент и клубот преговарале околу
новиот договор, меѓутоа пред да почне кризата предизвикана од коронавирусот.

Како и да е,
договорот на Тер Штеген со Барселона истекува во 2022. година, а самиот тој податок
е сосема јасен за во Барселона добро да подразмислат што понатаму во однос на
иднината на голманот, кој јавно порача дека наме намера да си замине од „Камп
Ноу“.

Не постојат
никакви шанси јас да си заминам од Барселона ова лето
“ наведе Тер Штеген во
изјава за „Кикер“.

Мојот агент и
клубот имаа разговори, но кризата со коронавирусот се истакна на патот, не е
време да разговараме околу договорот
“ додава Германецот.

Во период кога
многумина се загрижени околу своите животи, ние одлучивме сево ова да го
пролонгираме, инаку, јас лично се чувствувам одлично во овој град, а моето
семејство го дели истото чувство
“ заклучи Тер Штеген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×