На Ливерпул му требаат уште две победи за да ја освои Премиерлигата, а тоа може да се случи и во првиот меч доколку тие победат а Манчестер Сити изгуби.
Со цел да не се собираат навивачи околку Енфилд за прослава на трофејот, има гласини дека Ливерпул домашните натпревари од продолжението на сезоната ќе ги игра на неутрален терен.
Јирген Клоп нема проблем со тоа, вели дека треба да бидат возрасни и да прифатат, а вети дека кога ќе има услови титулата ќе ја прослават како што треба со навивачите.
„Искрено, кога велам дека има поважни работи за кои треба да се грижиме, го мислам тоа. Доколку луѓето велат дека не можеме да играме на Енфилд бидејќи нашите навивачи ќе отидат таму, тогаш во ред, сите ние сме возрасни“, вели Клоп.
„Се сакаме со навивачите, тоа е јасно. Но доколку не е дозволено, или доколку тоа е единствената варијанта за ние да можеме да играме, секако дека ќе прифатиме“.
„Сакаме да ја освоиме титулата и нема да ја прославиме сега можеби. Сакаме да ја прославиме заедно во моментот кога ќе биде можно тоа со сите нишани. Еден милион, два милиони, три милиони, пет милиони луѓе, сеедно, ние ќе бидеме таму“.
„Но дотогаш, треба да се придржуваме до правилата, да правиме тоа што треба и тоа е тоа, бидејќи ова нема да биде последниот пат како ќе треба да славиме нешто заедно“.