Жиру објаснува какви се сега тренинзите во услови на Ковид-19 и зошто одлучил да остане во Челси

by
2 минути читање

За официјалниот сајт на Челси, Жиру објаснува какви се тренинзите во услови на Ковид-19.

„Работиме напорно и навистина е добро што се вративме на теренот, што можам повторно да ги видам соиграчите и едноставно да играм фудбал, да ја шутирам топката и да постигнувам голови. Навистина многу ми недостигаше. Поразлично е сега, но добро е, духот е на високо ниво“, вели Жиру.

„Многу е поразлично од претходно. Работиме во групи од по пет фудбалери и треба да бидеме на минимално растојание од два метри помеѓу нас без контакт“.

„Друго поразлично споредено со вообичаените подготовки е тоа дека добиваме третман од само 15 минути по тренингот. Нормално во подготовките многу ги оптеретувате мускулите, особено кога не сте тренирале два месеци. Во тој период вообичаено е да добиваме многу поголеми третмани од физиотерапевтите, но мора да ги почитуваме правилата на Владата и Премиерлигата. Признавам дека доколку можев повеќе да се грижам за физичката спремност и телото, ќе беше подобро“.

Жиру објаснува и зошто одлучил да остане во Челси иако често се шпекулираше дека ќе замине од клубот.

„Требаше да заминам во јануари бидејќи не играв многу, потребно ми беше повеќе време на теренот за да играм за Франција на ЕВРО 2020. За малку ќе го напуштев клубот но Бог сакал да останам во Челси“, вели Жиру.

„Тренерот ми рече дека не можел да ме пушти да си заминам бидејќи не можел да ме замени. Сите знаат што се случуваше па не би се навраќал на тоа, но тренерот зборуваше приватно со мене и ми рече дека ќе играм на повеќе натпревари. Си го одржа зборот и мое беше да му докажам дека може да смета на мене кога и да бев во игра“.

„Влегов од клупата и дадов гол против Манчестер јунајтед. Голот беше поништен бидејќи половина од телото ми беше во офсајд. Следниот меч ни беше против Тотнем, еден од конкурентите за место во ЛШ. Играв и дадов гол. Го задржав местото во тимот а потоа погодив и против Евертон во следниот дуел“.

„Едноставно ја искористив шансата и му се оддолжив на тренерот. Затоа клубот веднаш ми понуди шанса да останам во Челси и јас одма прифатив, ми се допаѓа тука. Сакам да продолжам да освојувам трофеи и да му докажувам на тренерот дека може да смета на мене“.

„Плус поради целата ситуација со коронавирусот, не се чувствувам комфорно заедно со мојата фамилија да се селиме на друго место. Размислувам и за нашиот квалитет на животот и тука одлично функционираме. Сега мислам многу повеќе на мојата фамилија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×