Барселона е
подготвена да го продаде Нелсон Семедо за околу 40 милиони евра за да собере
средства за посакуваните засилувања претстојниот летен преоден рок, а спротивно
од желбите на Артур и Ракитиќ, Семедо е подготвен и посакува да си замине од
клубот, пишува каталонски „Спорт“.
Манчестер Сити ја
има понудата која Семедо ја посакува, а воедно десниот бек е заинтересиран за
трансферот во Премиерлигата, како од спортски, така и од финансиски карактер за
самиот фудбалер.
Каталонците се
обидоа да го искористат Семедо во преговорите со Интер и Јувентус за Лаутаро
Мартинез, односно Миралем Пјаниќ, меѓутоа се верува дека самиот Семедо
преферира трансфер во актуелниот првак на Англија.
Манчестер Сити
воедно го понудил Жоао Кансело, кого го ангажираа за 65 милиони евра, но од
Барселона не се заинтересирани за таква зделка, сакаат кеш.
Трансферот на
Семедо би го чинел Манчестер Сити околу 40 милиони евра, тој во редовите на
Каталонците пристигна од Бенфика за сума од 30 милиони евра, добро се
адаптираше во составот на Каталонците и покрај тоа што беше ротиран со Серхи
Роберто.
„Спорт“ додава
дека продажба на Семедо ќе му даде на Бартомеу и останатиот борд на директори
на Барса добра финансиска потпора, а со тоа би бил полесен патот до потписот на
Пјаниќ, или Лаутаро, за кого на Интер би требало да му исплатат 50-60 милиони
евра, но и дополнително треба да им понудат на „Нероаѕурите“ двајца членови од
својот состав.