Јуве ја почна операцијата „Жоржињо“, на Челси му го нуди Бернардески

by
1 минути читање

Италијанскиот
првак Јувентус според последните информации го понудил Федерико Бернардески на
Челси, во обидите да дојде до потписот на фудбалерот од составот на Премиерлигашот,
Жоржињо.

„Газета дело
Спорт“ известува дека извесно е дека во случај да падне некаков договор помеѓу
обете страни, тоа би се случило со трампа, а од поодамна е понато дека Маурицио
Сари сака повторно да соработува со Бразилецот со италијански пасош.

Што се однесува
пак до Бернардески, се верува дека Италијанецот е отворен за трансфер во
Премиерлигата, што оваа трампа ја навестува како можна за да се реализира.

Како и да е, се
уште не е познато колку во Челси се разположени да се ослободат од Жоржињо,
кому иако му требаше период за адаптација во системот на Лампард, подоцна
откако се адаптираше докажа колку е значаен за составот од Лондон, а има
одлична соработка со Матео Ковачиќ, со кого претставуваат одличен двоец во тој
дел од теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×