Шкупи и Струга ТЛ не сакаат да се тестираат со тестовите на Систина

by
1 минути читање

Денеска беа тестирани фудбалерите на Вардар, за утре биле закажани тестирања за Шкупи, но фудбалскиот клуб од Чаир одбил да се тестира, информираа од Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Тие посочија дека и Струга Трим Лум одбиле да се тестираат со тестовите од Аџибадем Систина, но тие најавиле дека тоа ќе го направат во државните болници.

Од Шкупи брзо стигна соопштение дека тие го одбиле тестирањето бидејќи не сакале да се тестираат со тестовите на Систина, и тие ќе го направеле тоа во болницата „Мајка Тереза“.

„Гледајќи ја ситуацијата во државата, ние како професионален клуб во прв план го ставаме здравјето на фудбалерите и вработените во Шкупи. Пред неколку недели направивме тестови за ковид-19, а тестираните беа негативни. За секоја наша постапка се консултираме со Комисијата за заразни болести. 

Ние како клуб ги одбивме тестирањата на „Аџибадем Систина“, бидејќи не се прифатени од државните институции, па побаравме да се тестираме во болницата „Мајка Тереза“ и очекуваме датум. 

Затоа, мораме да ги демантираме сите објави дека Шкупи одбива да се тестира на ковид-19, бидејќи само не прифаќаме да се одржат во споменатата болница“, се вели во соопштението на Шкупи.

Во Првата македонска лига веќе има шест случаеви на заразени од коронавирус, четворица во Ренова и двајца од Шкендија.

Фото: ФК Шкупи

Можно е и ова да ти се допаѓа

×