168
Легендата на
Милан има играно против Диего Марадона и Лео Меси, па во разговор со Скај
Италија направи споредба помеѓу двајцата.
„Имав среќа да
играм и против Марадона и против Меси. Зборуавме за двајца големи играчи во историјата
на фудбалот. Но со Марадона, требаше да го фаулираме 66 пати за да бидеме
опоменати од судијата, со Лео сега е многу поразлично“ – вели Алесандро
Костакурта.
„Двајцата се
многу слични, но би рекол дека Меси е поголем гениј“.
„Против Меси играв
кога тој имаше 16 години, во прв момент го гледав како дете и мислев дека ќе можам да
правам што сакам… Но по само 15 минути побарав од Карло Анчелоти да бидам
заменет“.