195
Според „Тутоспорт“, тројцата фудбалери најнормално тренираат со останатите играчи на Јувентус.
Ругани, Дибала и Матуиди беа играчите на Јувентус кои беа позитивни на Ковид-19.
Болеста нема оставено последици на нив, тие се во одлична состојба и работат како и сите други.
Дибала дури 45 дена се бореше со коронавирусот, но Аргентинецот сега тренира во полн капацитет.
Триото ќе му биде на располагање на Маурицио Сари кога сезоната ќе продолжи.