Милан и Рангник оваа недела седнуваат на маса на клучна средба

by
1 минути читање

Трансфер експертот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио верува дека овој состанок ќе биде клучен за тоа дали Рангник ќе ја прифати работата.

Поранешниот директор Ѕвонимир Бобан беше избркан од Милан откако во медиумите откри дека клубот имал контакти со Германецот без негово знаење.

И самиот Рангник потврди дека бил контактиран од Милан, но се уште нема одлучено дали ќе се пресели во Италија.

Повеќе извори велат дека тој сака апсолутна контрола над стратегијата на Милан, сака да биде и спортски директор и тренер.

Во моментов е главен за спорт и развој во Ред Бул, одговорен за сите клубови на компанијата, но претходно беше тренер на Хановер, Шалке, Хофенхајм и Лајпциг. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×