Валенсија изненадена од изјавата на Гасперини: Во опасност ставил многу луѓе

by
1 минути читање

Џан Пјеро Гасперини во разговор со Газета дело Спорт откри дека тестовите направени пред десет дена покажале дека има антитела на коронавирус. Стратегот се сомнева дека бил заразен со Ковид 19 пред реваншот со Валенсија на Местаља, бидејќи тие денови не му било добро.

Популарните „лилјаци“ реагираа на изјавата, сметаат дека тренерот на Аталанта во опасност ставил многу луѓе со тоа што премолчел дека има симптоми на коронавирус.

„Валенсија е изненадена од коментарите на тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини дадени за италијанските медиуми. Денот пред натпреварот, и на самиот ден кога се играше натпреварот на Местаља, тренерот на нашиот противник имал симптоми налик на оние на коронавирус, и не превзел заштитини мерки. Доколку навистина бил заразен со Ковид 19, во опасност ставил многу луѓе за време на неговото патување и престој во Валенсија“ – гласеше известувањето.

Валенсија беше еден од најпогодените клубови од коронавирус во Шпанија и Европа, за брзо време една третина од фудбалерите и персоналот се заразија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×