Икарди денеска го комплетираше трансферот од Интер во ПСЖ на перманентна основа. Иако во договорот меѓу двата клуба имаше клаузула дека Французите треба да платат 70 милиони евра за комплетно да го купат напаѓачот, сепак на крајот двете страни се договорија за отштета од 50 милиони евра плус 8 милиони во бонуси.
„Ефектите од економската криза во фудбалот ќе бидат силни“, вели Алесандро Моџи за „Кориере дело Спорт“.
„Ќе паѓа вредноста на фудбалерите, повеќе ќе се оди на размена на играчи отколку на купување“.
„Пример, Икарди имаше опција да биде откупен за 70 милиони евра, но беше постигнат договор за 50 милиони евра плус бонуси. Мислам дека сите суми ќе паднат за околу 30 проценти“.
„Малку играчи ќе ги напуштат големите клубови, бидејќи не сакате да ја загубите вредноста на фудбалерите. Пример доколку играчот вреди 80 милиони евра, а денес можете да го продадете за 50 милиони, тогаш подобро е да го чувате уште една година“.