167
Втората по квалитет англиска лига, Чемпионшип ќе продолжи на 20 јуни. Натпреварите ќе се играат без публика, со посебен протокол.
Клубовите во оваа лига минатата недела се вратија на тренинзи.
По 37 одиграни натпревари Лидс на Алиоски е прв на табелата со еден бод повеќе од Вест Бромвич, трет е Фулам со седум помалку од врвот.
До крајот од Чемпионшип има уште девет кола, плус плеј-оф на екипите од третото до шестото место кои ќе го дадат последниот патник во Премиерлигата, првите два тима директно одат таму.