Гасперини со коронавирус седел на клупата против Валенсија: Рано ми е да умрам, имам уште многу да понудам…

by
2 минути читање

Пресметката
помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампиони беше опишана како биолошка
бомба и се претпоставува дека Бергамо е еден од најпогодените градови од
коронавирусот токму поради овој меч кога на „Џузепе Меаца“ имаше преку 40.000
навивачи.

Исто така,
Валенсија беше еден од најпогодените клубови во Шпанија, и на Местаља
сметаа дека ова се должи на двете пресметки против Аталанта.

Џан Пјеро
Гасперини сега потврди дека веројатно има одредена вистина во сето ова,
стратегот во раазговор со Газета дело Спорт откри дека тестовите направени пред
10 дена покажале дека тој има антитела на коронавирус и се сомнева дека заразен
со Ковид 19 седел на клупата на реваншот против Валенсија.

„Не ми беше добро
ден пред дуелот со Валенсија, а како се наближуваше вечерта ми беше се полошо.
Ако ги погледнете сликите, не изгледав добро на клупата. Кога се вратив во
Италија се чувствував ужасно, се ме болеше. Тоа беше на 10. март. Наредните две
ноќи воопшто не спиев. Немав грозница, но чувствував како да имам“
– раскажува Гасперини.

„На секои две
минути поминуваше брза помош, има болница во близина на нашиот тренинг центар. Изгледаше
како да сме во воена зона. Често размислував што ќе се случи со мене ако
завршам во болница? Рано ми е да умрам, имам уште многу да понудам…“

„Но веќе на 14. март
ситуацијата беше спротивна, го одработив најтешкиот тренинг со години, еден час
на машината за трчање, плус надвор истрчав уште 10 км. Се чувствував силно,
прекрасно“.

„Сепак, кога
следниот ден добивме на подарок Дом Перињон од 2008 и јас го пробав, реков:
„Ова е вода…“ Храната ми имаше вкус на леб. Го изгубив чувството за вкус.
Останав во тренинг центарот три недели. Кога се вратив дома во Торино, ја
почитував социјалната дистанца со сопругата и децата“.

„Никогаш немав грозница,
никогаш не направив тест, но кога пред 10 дена сите бевме тестирани во клубот,
беше потврдено дека сум бил заразен со Ковид 19, имам антитела“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×