Французинот е голема
желба на Зинедин Зидан и се најавува дека „кралевите“ и ова лето ќе тропнат на
вратата на Манчестер јунајтед.
Но во Реал Мадрид се песимисти, според денешното издание на Дејли Мејл, раководството
на клубот стравува дека ваквата зделка може да придонесе за бунт во соблекувалната.
Пол Погба има
плата од околу 15 милиони фунти годишно (17 милиони евра) со што би станал фудбалерот
со најголеми примиња на Сантијаго Бернабеу. И тоа токму во време на криза поради
пандемијата од коронавирус, кога играчите на Реал Мадрид прифатија намалување
на примањата од 10% до 20% на годишно ниво, за клубот да не западне во проблеми.
Дејли Мејл додава
дека капитенот Серхио Рамос сигурно ќе биде најгласен со примедбите.
Дефанзивецот наскоро ќе почне да ја одработува последната година од договорот,
но и покрај тоа се уште нема добиено повик од лидерите за продолжување на соработката.