Подигнувањето, а
воедно и прославата на титулите во фудбалските првенства ширум светот нема да
биде исто како вообичаеното, со оглед на правилата и мерките предвидени во
протоколите за заштита од коронавирусот.
Во Австрија веќе
го регистрираме првото подигање на освоен трофеј, и тоа од страна на Салцбург
во пандемијата од Ковид-19, трофејот беше подигнат со социјална дистанца помеѓу
фудбалерите, а ним не им беше дозволено да прослават заедно еден до друг.
Интересно,
трофејот од Купот кој Салцбург го освои по убедливата победа од 5-0 над
Австрија Луштенау, беше префрлуван од фудбалер на фудбалер, откако најпрво беше
кренат од рацете на капитенот на тимот.
Секако дека
ваквиот начин на прослава е помалку бизарен, веројатно и чуден за самите
фудбалери, без атмосфера на трибините, меѓутоа пандемијата промени многу
навики, па секако дека и прославата на титули ќе има нов начин.