Сезоната во Италија продолжува со навивачи на трибините?

by
1 минути читање

Фудбалот во
Италија се враќа за неколку седмици, првично идејата е натпреварите да се
играат пред празни трибини, меѓутоа фактот што мерките почнаа да се
олабавуваат, сега во Италија се размислува дури и за навивачи на трибините,
секако, со ограничен број.

Размислуваме на
таа тема, секако, бидејќи би требало да сториме и некој дополнителен чекор по
сево ова
“ вели претседателот на Лече, Саверио Стичи Дамиани.

Јас лично сметам
дека тоа е возможно, би било добро да направиме одредена ротација помеѓу нашите
20,000 сезонски влезници, за оние кои ги поседуваат истите, веројатно ќе биде
блокиран пристапот за нови влезници, имаме стадион со капацитет за 30,000
гледачи во Лече, би било убаво да им понудиме на некои од нашите навивачи, во
ротација, малку забава, но, секогаш следејќи ги, а воедно и почитувајќи ги
правилата околу социјалната дистанца
“ додава тој.

Интересно е тоа
што последниот декрет на владата на Италија, теоретски би дозволила оваа идеја
да се реализира, ако се земе во предвид дека кината, на пример беа отворени со
дозволена бројка од 300 посетители, и тоа за објект од затворен простор.

Полска, Русија и
Србија претходно објавија дека во нивниот план околу реотворањето на стадионите
стои дека ќе биде дозволено околу 25% посетители од вкупниот капацитет на
стадионите почнувајќи од јуни, во Србија сезоната веќе продолжи.

„Кориере дело
Спорт“ нотира дека секое едно од три седишта би било пополнето со навивачи на
трибините, а со тоа би се почитувала мерката за социјална дистанца, а на влезот
од стадионите би имало и проверка за температурата на посетителите, секако,
носењето маски ќе биде задолжително, како и дезинфекција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×