Низ медиумите
често има гласини за тоа дека Лео Меси може да замине од Барселона само поради
Њуелс, и дека Аргентинецот пред крајот на кариерата би можел одново да го облече
дресот на својот прв клуб.
Голманот Науел
Гузман е еден од многубројните фудбалски фанатици во Аргентина кои сонуваат за
вакво сценарио, тој дури има и специјална „Меси“ клаузула. Кога потпишал за
мексиканскиот Тигрес, побарал да не му прават проблем за трансфер во Њуелс
доколку Лео реши да се врати дома.
„Кога им ја
предложив клаузулата, веднаш ја прифатија. Ќе дозволат трансфе во Њуелс доколку
Меси се врати“ – раскажува Гузман во разговор со ТиК Спортс.
Запрашан што би
сторил за Лео Меси да се пензионира во дресот на Њуелс, тој порача: „Како што
Бјелса кажа (пред лутото дерби помеѓу Њуелс Олд Бојс и Росарио Сентрал во
1990), подготвен сум да си исечам прст!“
„Би сакал тој да
се врати во Њуелс, но знам дека ќе биде тешко“.