Летото во 2000
година, Луис Фиго стана најомразениот лик во Каталонија откако ја напушти
Барселона и се пресели во лутиот ривал Реал Мадрид. Кога се врати на Камп Ноу
во белот дрес, Португалецот беше гаѓан со свинска глава и шишиња.
20 години по
контроверзниот трансфер, Португалецот се пожали за третманот кој го добил, и
посочи дека таков пречек немало за Михаел Лаудруп, кој исто така од Барселона
се пресели во Реал Мадрид.
„Луѓето
заборавија една работа, јас во Барса стигнав наместо Лаудруп, кој тогаш потпиша
со Реал Мадрид. Не паметам дека и него го гаѓаа со свинска глава и стаклени шишиња
на Камп Ноу. Знаев дека ме чека пекол, но тоа што го сторија навивачите на
Барселона беше срамно“ – вели Луис Фиго.
Запрашан дали сега
можеме да видиме вакво предавство, тој вели дека е многу тешко, но не и
невозможно.
„Многу потешко е
сега да се случи ваков трансфер, но ништо не е невозможно во светот на фудбалот.
Клубовите сега се многу попретпазливи и се штитат со високи клаузули. Но и јас
мислев дека никој никогаш нема да ја плати мојата клаузула“ – додава Фиго, кој
се пресели во Мадрид откако Реал ја активираше неговата клаузула вредна 60
милиони евра.