ПСЖ и Интер постигнаа договор, Икарди останува во Париз

by
0 минути читање

Според „Скај Спорт Италија“, ПСЖ и Интер си подале рака за трансфер на Икарди, тој ќе остане во Париз каде што оваа сезона игра како позајмен фудбалер.

ПСЖ ќе плати 50 милиони евра плус 7 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

Во првичниот официјален договор меѓу двете екипи ПСЖ имаше опција да го купи Икради за 70 милиони евра, но поради коронавирусот Интер реши да прифати и помала сума.

Се очекува наскоро, можеби уште во текот на денешниот ден трансфер да стане и официјален.

Икради оваа сезона има постигнато 20 голови на 31 натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×