194
Дербито меѓу Севиља и Бетис ќе го отвори продолжението на фудбалот во Примера, мечот ќе се случи на 11 јуни.
Планот е сезоната да почне на 11 јуни, а да заврши на 19 јули. Остауваат уште 11 кола до крајот.
„Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига заедно со државните институции постигнаа договор за датум за продолжение на првенството. Тоа ќе продолжи за време на викендот 13 и 14 јуни, но првиот меч ќе биде одигран во четврток на 11 јуни меѓу Севиља и Бетис. Последниот меч е предвиден за викендот 18 и 19 јули“, стои во соопштението.