Навивачите на Црвена звезда на секој 29. мај се потсетуваат на најголемиот успех во историјата кога го кренаа пехарот наменет за шампионот на Европа.
Фудбалерите на Љупко Петровиќ во финалето не блескаа, одиграа дефанзивно, но тоа го направија за да ја остварат целта, да станат европски шампиони, и успеаа во тоа.
Нашиот Дарко Панчев го изведе последниот удар од белата точка, по неговиот гол славјето можеше да почне.
„Да бидам искрен си реков дека подобро е противникот да промаши отколку јас да треба да го решам победникот. Психолошки тоа е голем притисок, имав страв бидејќи влогот беше голем. Но, кога ја земав топката и тргнав од центарот знаев дека Олмета нема што да бара, шутнав силно и многу прецизно и на Црвена звезда и ја донесов големата титула“, изјави Панчев за српските медиуми.