Голман на ПСЖ искрши скапо Ламборгини, првиот човек на ФФП праша: Што ли само ќе вози кога ќе почне да игра? (ФОТО)

by
1 минути читање

Франција стави крај на сезоната поради пандемијата на коронавирус, па фудбалерите добија дозвола да си заминат и да се вратат во своите земји.

Голман на ПСЖ, Марчин Булка сега е во фокусот на вниманието во родната Полска откако предизвика сообраќајна несреќа. Тој пред неколку недели изнајмил Ламборгини Хуракан од ексклузивен салон и за кратко време успеал да го искрши.

Во средата вечерта, 20 годишниот фудбалер на регионален пат во градот Вишогорд се судрил со Хјундаи при обидот да претекне еден автомобил. За среќа сите поминале добро и немаат повреди, но тоа не може да се каже и за преку 200.000 евра вредното Ламборгини, кое е прилично оштетено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×