Доаѓањето на Вирџил ван Дајк беше полн погодок за Ливерпул, Холанѓанецот донесе цврстина во одбраната и стана клучна алка за успесите на црвените.
Но Клоп покрај него го сака Кулибали со што ќе добие фантастична одбрамбена четворка, ако се знае дека и бековите Александер Аронолд и Робертсон функционираат перфектно.
Според „Le10sport“, Клоп стапил во контакт со Кулибали кој бил поласкан од интересот на Ливерпул.

Наполи минатото лето не сакаше да слушне да го продаде својот дефанзивец за помалку од 100 милиони евра, но сега се верува дека поради коронавирусот неговата цена ќе падне на 70/75 милиони евра што е сумата која Ливерпул ја плати за Ван Дајк.
Интерес за Кулибали има и од Њукасл кој се шпекулира дека му нуди 12 милиони евра по сезона на одбрамбениот играч, но се верува дека тој преферира трансфер во Ливерпул бидејќи со црвените ќе игра во Лигата на шампионите и ќе биде конкурентен за сите титули.
Доколку се формира тандемот Ван Дајк – Кулибали, тоа ќе биде можеби најдобрата дефанзивна двојка во моментов во Европа.