ЛАСК остана без шест бода за тренинг во време на коронавирус, Салцбург на подарок ја добива титулата

by
1 минути читање

Иако фудбалот мирува
во Австрија, ЛАСК Линц го загуби врвот на табелата. Клубот е казнет со одземање
на шест бодови поради групен тренинг во време на пандемија на коронавирус.

Постојат докази
дека ЛАСК Линц пред две недели дури во четири наврати одработил тренинг со сите фудбалери иако
според протоколите билo дозволено да се работи само во помали групи.

„Она што го направи
ЛАСК е огромен прекршок над целокупното фудбалско семејство. Исто така, мора да
се земе во предвид дека фудбалерите треба да бидат пример за населението“
– вака
Јоханес Вуцлхофер од Сенатот 1 при Бундеслигата ја правдаше жестоката казна.

Па ЛАСК Линц
повеќе не е лидер во првенството на Австрија, и наместо +3 во однос на
Салцбург, сега има -3. „Биковите“ практично на подарок ја добиваат титулата
.

Фудбалските
возбудувања во Австрија треба да почнат на 2. јуни, но прашање е кога точно ќе
завршат. ЛАСК Линц веднаш најави жалба, а за исцрпување на сите законоски
можности ќе бидат потребни два ипол или три месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×