Партизан демантира, „Гробари“ не го тепале Милошевиќ, тоа е измислена приказна

by
1 минути читање

Синоќа се појавија информации во српските медиуми дека неколку навивачи на Партизан во клупскиот ресторан го шамарале тренерот Саво Милошевиќ бидејќи тој не се појавил на состанок со нив кој бил закажан ден порано.

Од Партизан стигнува демант, тие велат дека тоа се само измислени приказни за да се дестабилизира клубот пред продолжението од сезоната.

„Таблоидни модус операнди прво го однесоа Саво Милошевиќ во Бирмингем а го донесоа Вук Рашовиќ од Дубаи, а кога тоа не им помина пред натпреварот од Купот на Србија, тогаш пишаа дека Саво бил претепан во преполн клупски ресторан и тоа во средина на априлската корона забрана за движење, а ресторанот инаку не работи од 2014 година“, вели Вулетиќ.

И самиот Саво Милошевиќ се појави на прес конференција и негираше.

„Веќе подолго време се трудев да не зборувам за будалаштини и измслици. Немам време да се занимавам со такви работи. Но бев доведен практично до ситуација да не можам да не реагирам. Тие луѓе инсистираа да одат до крај за да изнудат реакција за мене и ќе ја добијат. Секој кој сака да провери во каква состојба сум може да го направи тоа. Јасно е дека ова е измислена приказна на неколку дена пред почетокот на првенството за да се дестабилизира клубот. Гледам дека имаат слабост и страв од Партизан кој е стабилен и силен и добро работи“, вели Саво Милошевиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×