Реал Мадрид му предлага голема трампа на Манчестер јунајтед, четворица играчи во замена за Пол Погба

by
1 минути читање

Зинедин Зидан минатото лето го идентификуваше својот сонародник како последна сложувалка од новиот проект, Реал се обиде да му ја исполни желбата, но Манчестер јунајтед постави висока цена и одби да се раздели со Пол Погба.

Шпекулациите за иднината на Французинот, кој е под договор до 2021 година („ѓаволите“ исто така имаат опција да ја продолжат соработката до 2022) не престануваат и повторно се пишува за негово заминување од Олд Трафорд.

Денешното издание на Сан вели дека „кралевите“ одново ќе се обидат ова лето и на Манчестер јунајтед ќе му предложат голема трампа, дури четворица играчи во замена за Пол Погба.

Клубот од Мадрид ги нуди Хамес Родригез, Лукас Вазкез, Мартин Одегард и поранешниот член на Манчестер Сити, Брахим Диаз.

Сан додава дека во моментов Манчестер јунајтед останува на ставот дека Пол Погба не е на продажба, Оле Гунар Солшер сака да го спои Французинот со зимското засилување Бруно Фернандеш и да креира моќно дуо во средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×