ФФШ и Луис Рубиалес сметаат дека фудбал во петок и понеделник не е по мерак на навивачите, па ги забранија овие термини. Одлуката не и се допадна на Ла Лига, Хавиер Тебас сака што повеќе натпревари да бидат емитувани за повеќе
пари и побогати ТВ договори, па поднесе жалба.
Додека се
одвиваше процесот, привремено беше одлучено да има фудбал во петок, но не и во
понеделник. Денеска судот од Мадрид конечно пресуди и тоа во полза на ФФШ, доколку
Ла Лига сака фудбал во петок и понеделник, ќе мора да се договори со федерацијата.
По пресудата, ФФШ
прво што порача е дека дозволува до крајот на сезоната да има фудбал во петок и
понеделник. Ова го прави во знак на добра волја и не бара ништо за возврат.
Луѓето од
федерацијата се свесни дека на Ла Лига и се потребни сите расположливи термини
за сезоната да биде завршена во согласност на насоките од УЕФА, мечевите и онака ќе
се играат зад затворени врати па затоа нема да прават проблеми во следните
месеци.
Се шпекулира дека
ФФШ ќе дозволи фудбал во петок и понеделник и на почетокот од сезоната 2020/21,
доколку натпреварите продолжат да се играат пред празни трибини.