648
Марио Балотели синоќа не се појави на тренинг, за неговото отсуство не го известил клубот.
Проблематичниот напаѓач денеска пристигнал во тренинг центарот и им рекол дека имал болки во стомакот па затоа не можеш претходниот ден да дојде.
Балотели имал разговори со спортскиот директор на Бреша, Стефано Кордоне, но шансите да се подобри односот меѓу двете страни се многу мали.
Се зборува дека двете страни ќе започнат разговори за начинот на кој ќе му биде раскинат договорот на Балотели.
Тој ионака е само товар на клубот, добива добра плата а постигна пет голови на 19 натпревари во Серија А. Бреша се наоѓа на дното од табелата со минимални шанси за спас.