Клубовите од
Премиерлигата минатата недела почнаа со тренинзи, фудбалерите работат во помали
групи, под строги протоколи, социјална дистанца и без контакт. На Жозе Мурињо
му се допаѓа тоа што конечно добиле дозвола да истрчаат на зелениот тепих, но
признава дека индивидуалните тренинзи одземаат многу време и напор.
„Очигледно
чувството беше прекрасно што сите истрчаа на зелениот тепих, ни недостасуваше, би рекол дури
и мирисот на тревата!“ – вели тренерот на Тотнем.
„Имаше периоди
кога почнувавме во 9 часот наутро и завршувавме во 5 часот попладне бидејќи
имавме играчи кои тренираа индивидуално. Мораше да имаме различни термини,
одредени играчи доаѓаа во 10, 11, 12… на секој час се до 16“.
„Да бидам искрен,
момците од мојот персонал во еден период беа многу, многу изморени. Сите ја
видовте смешната слика и како возам велосипед… но мора така во време на
коронавирус, терените се на огромна дистанца, и само со велосипед можев да имам
контрола над секоја тренинг сесија“.
The boss.#THFC #COYS pic.twitter.com/A4krmgpeso
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 21, 2020
Клубовите од
Премиерлигата допрва треба да дадат зелено светло за групен тренинг, и се уште
не е дефиниран точниот датум за ре-старт на сезоната.
„Видете, најтешко
ми е откако Бундеслигата почна, а други првенства, како португалското и
шпанското соопштија датуми за продолжување на сезоната. Сакам и ние да играме,
тешко ми е да гледам како во другите земји има фудбал, а во Англија нема“.
„Но секако,
мораме да ги почитуваме насоките на властите и имаме верба во нив и раководството
на Премиерлигата. Едноставно треба да почекаме“.