Пресврт, Игало останува во Манчестер јунајтед, нема да може да се врати во Кина до октомври!?

by
1 минути читање

Игало во јануари дојде во Манчестер јунајтед на позајмица од кинескиот клуб Шангај Шенхуа, официјално неговиот договор истекува до крајот на овој месец по што тој треба да се врати во Кина.

Се зборуваше дека кинезите не попуштаат, го сакаат Игало веднаш и нема да дозволат тој да ја продолжи позајмицата уште некој месец за да ја заврши сезоната со Манчестер јунајтед.

Но се случува пресврт. Манчестер јунајтед и Шангај Шенхуа се пред договор, а во прилог на англискиот клуб е тоа што кинеските власти веројатно ќе забранат влез до октомври за странските фудбалери кои не се во моментов во Кина.

Доколку биде донесена ваква уредба која е најавена, тоа ќе значи дека Игало нема да може да се врати во Кина до октомври, па на кинескиот клуб подобра опција му е да ја продолжи позајмицата на фудбалерот во Јунајтед со цел да не биде во загуба од неговото отсуство.

„Игало се чувствува многу добро во Манчестер јунајтед и е пред договор за неговата плата. Преговорите со Кинезите се одвиваат добро. Поради последните регулативи кои ќе стапат во сила во Кина исходот од преговорите мора да биде позитивен, не гледам друго“, вели агентот Лади Салами.

Се очекува наскоро и официјално да се знае дали Игало ќе продолжи во Манчестер јунајтед до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×