Фудбалските клубови во Македонија од следната недела може да почнат со тренинзи

by
1 минути читање

Здравствените власти ги олабавуваат мерките, а дел од нив се однесуваат на спортот.

На денешната прес конференција Венко Филипче најави дека од оваа недела може да се почне со индивидуални тренинзи на отворено, а од следната недела ако епидемиолошката слика биде според прогнозите ќе може да се стартува и со тимски тренинзи на отворено. Неделата по таа ќе се почне и со тимски тренинзи во затворени простории, односно сали.

Првенствата во кошарката и ракометот во Македонија се прекинати, па од оваа вест најмногу е засегнат фудбалот. Клубовите го добија зеленото светло кое го чекаа.

Ваквите мерки значат дека фудбалерите во текот на оваа недела би можеле да тренираат само индивидуално, без групирање. А тимските тренинзи ќе започнат од 18 мај.

Сега ФФМ во консултација со клубовите треба да одреди датум и форма за доигрување на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×