Доколку се се одвива според предвидениот план, оваа сезона европските натпреварувања ќе завршат кон крајот на август. Што значи дека идната сезона ќе почне дури крајот на септември или почетокот на октомври.
Синоќа „Тајмс“ излезе со информација дека УЕФА планира да ги укине квалификациите или евентуално да дозволи само едно квалификациско коло за ЛШ и ЛЕ, но Европската куќа на фудбалот го негира тоа.
„УЕФА никогаш не размислувала да го укине правото на екипите кои избориле квалификации преку борба на теренот да се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите. УЕФА сака да појасни дека едноставно ја следи евалуацијата на ситуацијата и секој потенцијален импакт на формататот на квалификации за клупските натпреварувања од идната сезона. До денеска не биле разгледувани никакви специфични опции за форматот на квалификациите во европските клупски натпреварувања“, се вели во соопштението на УЕФА.
Домашните натпреварување се планира да завршат до крајот на јули, па УЕФА може да ги почне квалификациите во август кога паралелно би се играла завршницата од ЛШ и ЛЕ од оваа сезона бидејќи екипите кои треба да ги играат првите квалификациски кола не се дел од најдобрите клубови.