Јубилејното 100. дерби меѓу Црвена звезда и Партизен се одигра на Ѓурѓовден, а го одбележа нашиот Митко Стојковски.
Партизан имаше водство од 1-0, а потоа најпрво беше направен пенал врз Македонецот, по кој Звезда израмни на 1-1, а потоа тој и самиот се запиша во листата на стрелците за победа од 2-1.
„Тоа е натпревар кој ја одбележа мојата кариера, можам да го кажам тоа. Играв во одбраната, бев либеро, на тој натпревар се покажа како полн погодок потегот на тренерот Љупко Петровиќ да направи рокада и да ме стави да играм поофанзивно. Луѓето и ден денес ме паметат по тој натпревар без разлика што одиграв преку 100 натпревари за Звезда. Не се памети ништо од тоа што го правев позади како одбрамбен фудбалер, се памети тоа што го решив тоа 100. дерби“, изјави Стојковски за српски Телеграф.
„Натпреварот беше многу важен. Ние бевме први со три бода предност на три кола до крајот. Со победа и теоретски требаше да ја завериме титулата, ни одговараше и нерешено и според тоа Љупко ја постави и тактиката. Малку подефанзивно игравме, тие ја имаа играта и неколку добри шанси. Водеа со 1-0, имаа и шанса за втор гол но не ја искористија“.
„Не направив нешто специјално. По едно уфрлување Савељиќ направи прекрошок кој беше пенал. После тоа се водев од некој инстикт, одиграв додавање со Ковачеиќ, тој шутираше а јас продолжив да одам кон голот. Беше тоа некоја интуиција, топката ми дојде на лева како на тацна и јас само ја пласирав во голот“.
„Потоа следуваше скок преку рекламите и трк кон Северот… Кога застанав пред трибината мислев дека ќе се сруши. Само видов како сите се движат надолу. Емоции, адреналин… Беше фантастично. По натпреварот цел Север го скандираше моето име. Бев прогласен за играч на натпреварот и го добив тој пехар кој и денес го чувам во мојот дом во мојата спортска витрина“.