УЕФА од „хет-трк“ програмата ќе подели еднаква сума на сите нејзини членки, пари кои федерациите може да ги искористат за борбата против негативните ефекти од коронавирусот
Фудбалската федерација на Македонија како и сите други ќе инкасира 4,3 милиони евра.
„Нашиот спорт се соочува со неочекуван предизвик, кој е предизвикан од Ковид-19 и УЕФА сака да им помогне на своите членки на начин, со кој сега секоја земја ќе добие по 4,3 милиони евра за оваа и следната сезона, а парите како инвестициски фонд ќе треба да се искористат за реизградба на фудбалската заедница. Мислам дека е ова одговорна одлука да се помогне колку што можеме и горд сум на обединетоста на фудбалското семејство. Без сомнение фудбалот повторно ќе биде срце на животот кога се ќе се врати во нормала“, вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин
ФФМ дополнително треба да одлучи како ќе ги потроши парите, со по колку средства ќе ги помогне клубовите кои се наоѓаат во незавидна положба поради коронавирусот.