Панчев: Можев да одам во Реал, Барса или Јунајтед, но го одбрав Интер и згрешив

by
1 минути читање

Панчев беше Златна копачка на Европа и Европски шампион, веднаш по освојувањето на Лигата на шампионите до напаѓачот на Црвена звезда пристигнале понуди од речиси сите големи клубови. 

Дарко го одбра Интер, тогаш Серија А беше најдобрата лига, но македонската фудбалска легенда погреши. Таму беше тотално разочарување по што неговата кариера тргна во надолна линија.

„Мојата најголема грешка беше тоа што отидов во Интер“, вели Панчев за goal.com

„Отидов во тим кој имаше лоша атмосфера, тим кој играше дефанзивно и како странец ме гледаа поинаку, мислам дека не ми ја дадоа потребната поддршка за да се адаптирам лесно“.

„Но грешката е моја бидејќи ме бараа и клубови како Реал Мадрид, Барселона и Манчестер јунајтед“.

„Италијанските медиуми не беа наклнети кон мене. Сеќавајќи се на тоа време, јасно ми е дека нивните новинари попрво ќе го заштитат Интер отколку мене. Јас бев жртва на сета таа игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×