Поради
ситуацијата со коронавирусот, фудбалот е суспендиран, така е воедно и на
Островот, па фудбалерите на Лидс и нивниот тренер Марсело Биелса не се во
можност да тренираат, ниту пак да имаат натпревари.
Сепак, навивач на
тимот од „Еланд Роуд“ успеа да го „улови“ нашиот репрезентативец и член на
англискиот второлигаш, Езгјан Алиоски, забележувајќи го во неговото возило.
„Македонецот кој
има клучна улога во Лидс сезонава“ пишуваат на Островот, во таа прилика љубезно
го спуштил прозорецот од својот автомобил да го поздрави навивачот на Лидс, а
овој ситуацијата ја пренесе на платформата „Реддит“, наведувајќи дека Алиоски изгледа одлично, но неговиот автомобил треба да биде исчистен.
His car needs a clean but the guys looking good! from r/LeedsUnited
„Неговиот
автомобил треба да се испере, но Алиоски изгледа одлично!“ напиша навивачот
на својот профил, со што објави и фотографија од таа ситуација со нашиот
фудбалер.