Седлоски прифати да биде тренер на вториот тим на Динамо Загреб

by
1 минути читање

Рокадите на тренерските позиции во Динамо Загреб го ослободија местото во вториот тим, кое му беше понудено на Седлоски а тој без двоумење прифати.

Гоце Седлоски има големи спомени од Динамо Загреб каде помина седум години, беше и капитен на тимот. Тој за хрватските медиуми изјави дека со многу емоции се враќа во градот каде што има и стан за живеење.

„Да, можам да ви потврдам дека го превземам вториот тим на Динамо. Ете, ми се исполни желбата, доаѓам да работам во Динамо. Се знае колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам во Динамо. Не знам точно кога доаѓам во Загреб каде што имам и стан. Се зависи од мерките околу коронавирусот. Тоа е тоа што сега можам да ви го кажам“, изјави Седлоски за хрватските медиуми.

„Загреб е мој втор дом. Често сум таму, во Загреб имам и стан. Во контакт сум со повеќето играчи со кои играв во Динамо. Сакам да дојдам во Загреб, со задоволство се сеќавам на времињата додека играв на Максимир, емоциите се големи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×