134
Горан Пандев по примерот на големите светски спортисти донира во својот град за борбата против коронавирусот.
Фудбалерот на Џенова донирал финансиски средства во струмичката болница кои ќе бидат искористени за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал кој е директно изложен на зараза од вирусот.
Информацијата ја потврди директорот на струмичката болница, Наќе Гогов кој во изјава за локалниот портал „Дрнка“ изрази благодарност до Пандев, но не сакаше да ја открие сумата која е донирана.
Претходно Пандев заедно со останатите македонски фудбалски репрезентативци донираше финансиски средства во Фондот за здравствено осигурување.