Немаше голови на бразилското дерби во Копа Либертадорес но затоа летаа боксови, клоци и осум црвени (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Додека натпревари во Eвропа се одложуваат поради коронавирусот, во Јужна
Америка се игра фудбал пред полни трибини. Утрово на програмата беа дуелите од второто коло во Копа Либертадорес а дерби
на денот беше пресметката помеѓу Гремио и Интернасионал.

Лутите ривали од
Порто Алегре не понудија многу, голови немаше, шанси исто така, но затоа пред
финишот од мечот настана масовна тепачка. Летаа боксови и клоци, играчите се бркаа по теренот, за на крајот судијата да покажа дури осум црвени картони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани