ФФИ попладнево
достави конкретни предлози за тоа што ќе се случи доколку сезоната од Серија А
не може да се комплетира поради коронавирусот. Една опција е Скудетото да му се
додели на Јувентус, втората опција е да се игра плеј-оф за титулата, а третата
опција е да нема шампион оваа сезона.
Првиот човек на
Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина сега ги појасни плановите
за плеј-оф, вели дека првите четири клубови ќе разигруваат за титулата, а во
моментов тоа се Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта.
„Се надеваме дека
сезоната ќе може да биде комплетирана, доколку фудбалот продолжи на 3. април,
ќе најдеме термини за надополнување на одложените натпревари и сите кола ќе се
одиграат“ – вели претседателот на ФФИ.
„Но мораме да ја разгледаме
и другатга страна на приказната, односно да се соочиме со нови проблеми при ре-стартот на првенството. Затоа
на маса беа ставени неколку предлози, односно да не се додели титулата, или пак
да се земе во предвид табелата во моментот кога е прекинато првенството, и Скудетото
да му се додели на тој што е прв. За да се зачуваат вредностите на спортското
натпреварување, предложив и трета опција, односно да има плеј-оф. Првите четири екипата на табелата
ќе разигруваат за титулата. Истото би важело и за испаѓање во ранг подолу, последните четири екипата на табелата преку разигрување да одлучат кој ќе остане а кој ќе се пресели во Серија Б“.