Пандев: Пласманот на ЕП со Македонија ми е поважен од сите титули, одложете го мечот!

by
2 минути читање

Македонија и Косово без публика треба да го играат важниот натпревар од Лигата на нации кој победникот ќе го однесе на чекор до Европското првенство.

Проблем е и доаѓањето на Пандев, Елмас и Несторовски кои според новите мерки на владата треба да поминат во 14 дневен карантин бидејќи доаѓаат од Италија. 

„За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено-жолта боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински септакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од европско првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но дајте ни можност да го оствариме и се она за што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски“, напиша Пандев на својот инстаграм профил.

Со слични изјави на социјалните мрежи се огласија и Стефан Ристовски, Бобан Николов и селекторот Игор Ангеловски.

Претходно портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски рече дека ќе побараат од УЕФА да го одложи мечот доколку Македонија не може да смета на Пандев, Елмас и Несторовски.

За одложување на овие натпревари главниот збор го има УЕФА. Многумина ширум континентот бараат да биде откажано и Европското првенство, но засега европската куќа на фудбалот ги игнорира барањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×